Заев за „Фокус“: Нема зошто да барам одговорност за пожарите!

by Fokus

Кочани и дел од кумановскиот регион во текот на вчерашниот ден беа зафатени од силен пожар, кој се чинеше дека ќе ги проголта и најблиските куќи. За среќа, до такво нешто не дојде, но јавноста го поставува прашањето – дали можеше подобро да се реагира во оваа ситуација?

Премиерот Зоран Заев за „Фокус“ тврди дека надлежните органи биле на висина на задачата и нема причина да се бара некаква одговорност.

„Сите институции навремено реагираа и нема човечки жртви, а се спасени и материјални добра на граѓаните. Системот функционира и солидарноста на општините и на другите институции беше видлива на дело. Нема од кој да барам одговорност и нема зошто. Напротив, дадов налог да се наградат сите пожарникари кои вчера работеа цел ден, цела ноќ до денеска сабајле, а голем дел продолжија да работат и денеска“, ни изјави Заев.

Најавена е помош од повеќе земји со воздухопловна и противпожарна сила, со цел Македонија што побрзо да се справи со огнената стихија која беснее деновиве низ шумските предели.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости