Доаѓаат четири хеликоптери од Србија, најавена помош и од Словенија и Грција

by Fokus

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска информираше дека во секој момент се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција.

-Од Србија очекуваме во секој момент да стигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром. Истите ќе бидат употребени за гаснење во попладневните часови. Ние не можеме отсега да планираме каде ќе ги употребиме. Треба да видиме што ќе се случи во наредните два, три часа, бидејќи пожарите се непредвидливи, посочи Ангелов на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Поврзани новости