Заев за „Фокус“: Ќе се гласа „за“ или „против“ мојот реизбор, тоа е демократија

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Фокус“ на паузата пред почетокот на затворениот дел од конгресот, изјави дека очекува се да помине во најдобар ред.

-Ние имаме процедура на тајно гласање, иако во оваа постапка конгресот има право да предложи и други кандидати, јас сум единствен кандидат. Имаме одлука за Централен одбор, за заменик претседател, за надзорен одбор. Иако дел од кандидатите се единствени, сепак постапката оди по пат на тајно гласање „за“ или „против“. Тоа е израз на демократија. Се надевам дека конгресот ќе заврши успешно за да можеме да се концентрираме на она што им значи на граѓаните: формирање на новата влада, рече Заев.

Тој додаде дека единствен кандидат за заменик – претседател е Радмила Шекеринска. Во моментов трае затворениот дел од Конгресот на кој треба да се изгласа претседателот на партијата.

Катерина Смилева

Поврзани новости