Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска ја појасни одлуката на партијата да го исклучи Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, повикувајќи се на Статутот на партијата.
– Кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ, не може да бидете член на СДСМ – рече Заев. – Во Куманово ќе победи тој што 30 години победува, а тоа е Социјалдемократскиот сојуз – додаде лидерпт на СДСМ Зоран Заев.
Според Заев, одлуката на Димитриевски да не ја дочека одлуката на СДСМ, туку преурането да оди како независен кандидат, придонела за ваквата одлука на партијата.
Димитриевски смета дека неговото ислучување не е легитимно бидејќи не е согласно статутот на СДСМ. Претходно тој соопшти дека ќе настапи на локалните избори како независен кандидат, по сознанија дека нема да ја добие поддршката од СДСМ. Вчера, СДСМ соопшти дека за градоначалник во Куманово го кандидира Оливер Илиевски.