Заев за Би-Би-Си: Се потврди грабежот од последните избори

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по објавувањето на седмата бомба поврзана со изборните нерегуларности во 2011 година за време на предвремените парламентарни избори и во 2013 година за локалните избори, даде интервју за Британскиот глобален информативен центар Би-Би-Си.

Заев тврди дека, за време на овој процес на споделување на сите докази и аргументи, ќе се покаже што се случувало во последните 3 изборни циклуси, вклучувајќи ги и изборите од минатата година.

– Нелегалното гласање е поврзано со лажни лични карти, купување гласови, притисок над гласачите и тоа покажува сé.Тоа што сите ние го знаевме и чуствувавме сега конечно ќе се потврди, што точно се случувало за време на изборниот процес во нашата мала земја – истакна лидерот на СДСМ во интервјуто.

 

 

 

Поврзани новости