Хаџиристески: Ако снимките се точни, тогаш тоа е грозно

by Фокус

Aко снимките се точни, тогаш е грозно. Jас со ништо не заслужив еден таков разговор, вели поранешниот прв човек на ФФМ, Харлампие Хаџиристески, за Дојче веле по снимката во која се слушаат закани за неговиот живот.

– Многу непријатно е да слушнете такво нешто. Дури и не ми се верува дека политичари може така да разговараат. Ако сето тоа е точно, тогаш е грозно. Спортот треба да биде настрана од политиката. Јас со ништо не заслужив еден таков разговор. Бев коректен и со сите свои постапки се трудев да ја задржам автономијата на фудбалот далеку од влијанието на политиката. Но, изгледа, не можело така“, вели Хаџиристески.

На една од снимките, како што се тврди пред парламентарните избори во 2011-та во разговор меѓу Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески, Протоѓер изразува незадоволство од ФФМ, зошто не се пуштени карти и упатува закани по живот.

Поврзани новости