Заев „вози Мишко“ го замени со „кочи Мицко“

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од изборната кампања го спореди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сцена од филмот „Кој тоа таму пее (Ко то тамо пева)“.

-Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот послушен син од овде, кочи Мицко, а овој кочи ли кочи, па поради врзаните очи, не може да види какви штети им нанесува на граѓаните. Поради тоа, кочничарите ќе доживеат пораз на 17-ти октомври. Нема ништо што ќе не сопре. Одиме напред. Кутриот Мицкоски нема став, ниту по едно прашање, рече Заев.

Поврзани новости