И Заев со хумор ја отвори кампањата: Пописот ќе покаже дали има двајца Зорановци

by fokus

Слично како и Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев изборната кампања ја почна со хумор на првиот митинг на СДСМ кој се одржа во Битола.

-Се сомневам да не има двајца луѓе со исто име и презиме. Еден Зоран Заев кој е тука со граѓаните, кој донесе многу интернационални награди и еден друг Зоран Заев кој се соочува со фејк њуз организрани и финансирани од Будимпешта. Но, пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако покаже дека има двајца, бидете сигурни дека се скарани. Но, шегата на страна, ред е да ви кажам зошто сме дојдени. Дојдовме да ви го понудиме најдоброто за Битола. Најдоброто од Битола за Битола, а тоа е Христо Кондовски, рече Заев.

Поврзани новости