572
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави неколку аудио-снимки меѓу премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, првата полицајка Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и генералниот секретар Кирил Божиновски во кои снимки се објаснуваат сите изборни нерегуларности со лични карти, станови од 40 метри квадратни во кои се сместени по 50 луѓе, закани, притисоци, казнување и затворање на фирми, одземање лиценци на такци превозниците….
Заев најави, дека во вторник во Универзална сала ќе бидат објавени најстрашните детали од сите изборни нерегуларности што ги прави владата под диригентската палка на Груевски.