430
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасовски денеска ќе престојува во Охрид.
За време на престојот премиерот ќе се обрати на 20-тата годишна конференција на Македонската берза, а потоа придружуван од министерот Бектеши ќе прошета по охридската чаршија.
Попладне заедно со Бектеши и директорот на Царинската управа, премиерот Заев ќе изврши увид на тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан.