Заев во Кратово: Ја донесовме слободата и за тие што не гласаа за нас, и ним не им беше лесно

by Фокус

Новaта локална власт во Кратово да работи во интерес на граѓаните, бидејќи нема поголема вредност од среќни и задоволни граѓани, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешното обраќање на граѓанскиот собир во Кратово.

– Ја донесовте слободата, ја заслуживте и радувајте и се, но истовремено ја донесовте слободата и за оние што не гласаа за нас. Имајте разбирање и за тие ваша и наши сограѓани бидејќи и ним не им беше лесно. Наша должност е да отвориме нови страници овде во Кратово. Кратово, ќе оди напред само заедно, единствено и сплотено со сите граѓани ќе оди напред. А истовремено, го имате мојот и зборот на извршната власт. Ќе ве поддржиме, за сите ние да се гордееме со Кратово. Сакам уште еднаш да си го дадеме зборот. Навистина, ова е една сосема нова страница, ново поглавје за Кратово. Но не заборавајте, поделени, можеме да се мачиме во решавање на постојано исти проблеми, сплотени и здружени можеме да се радуваме на многу нови предизвици секој ден, секој месец, секоја година – порача претседателот Заев.

Поврзани новости