Заев: Во кампањата кажав што чувствувам за ДУИ, но граѓаните се тие кои одлучуваат

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување на МТВ истакна дека законите за борба против криминалот и корупцијата се донесени и тие предвидуваат големи казни, но, како што истакна, проблем е што не се спроведуваат.

-Верувам дека ќе се изборам против корупцијата, борбата е заедничка, важни се институциите, медиумите. Дај Боже 100 посто да успееме – рече Заев.

Одговарајќи на прашање дали верува дека ќе се избори со корупцијата со тенко мнозинство од кое составен дел е и ДУИ, Заев рече:

„Седум состаноци со Али Ахмети и Артан Груби не беа само дали Насер Зибери ќе биде премиер, туку и за многу теми, слабости, размислувавме кадровски, секаде има промени, има и кај нас…

Тој додаде дека памети дека првиот вицепремиер Артан Груби бил инволвиран во инцидентите на Калето, но не верува дека поради тоа нема да си ги исполнува обврските.

-Јас побарав ДУИ да ја преземе надворешната политика, го предложија Бујар Османи, а вицепремиерското место да го добиеме ние, тоа е битно за преговорите со ЕУ и фондовите – изјави Заев.

Тој рече дека за време на изборната кампања кажал што чувствува за ДУИ, но, како што нагласи, граѓаните ги определиле позициите.

-Граѓаните ни даваат патоказ. Јас можам да кажам што сакам, но во демократија граѓаните одлучуваат и тие го определија тој правец – рече Заев.

Поврзани новости