Заев им честитал на Вучиќ и Хоти за договорот, следната недела ќе се сретне со Мицотакис

by Фокус

Премиерот Зоран Заев телефонски ги побарал претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти за да им честита за напредокот во меѓусебните односи и договорот во Вашингтон.

За ова Заев информираше на денешниот настап на МТВ, каде воедно најави дека следната недела ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина на покана на Економист, додека првата официјална посета планира да ја направи во Бугарија.

-Така беше и во 2017 година и тргнаа работите, влеговме во НАТО – рече Заев, изразувајќи дека ќе се најде решение со Бугарија за отворените прашања во европски дух, при што, како што рече, двете страни би испаднале победници.

Поврзани новости