Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев попладнево на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши дојде во друштво со заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Фокус пред неколку дена објави дека токму Ковачевски е фаворит да го наследи на лидерската позиција во СДСМ и на премиерската функција.
Кој е Димитар Ковачевски, најсериозниот кандидат за наследник на Заев?
Заев денеска со изјава за Фокус изјави дека новиот мандатар во Владата ќе биде и претседател на СДСМ.
Заев за Фокус: Само претседател на СДСМ може да биде мандатар
Во Клубот на пратениците почна средбата меѓу Заев и Гаши, на која, како што е најавено, треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.