473
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е мандатар за составување на новата влада на Македонија, ќе присуствува на денешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини.
На оваа вечера ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Целта на вечерата, како што е соопштено во Брисел, е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.