Ахмети: Најважни се ЕУ и НАТО, а не декларацијата

by fokus

Декларацијата на трите албански партии од Македонија нема целосно да биде вклучена во програмата на новата влада од повеќе причини, кои се многу реални и искрени, изјави синоќа претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Во програмата ќе влезат само најважните аспекти за големите реформски приоритети. За Македонија сега најважно е да просперира во ЕУ и НАТО со што поскоро членство, да остане стабилна и позитивно да влијае на регионот, рече Ахмети.

Тој додаде дека сите аспекти од декларацијата ќе бидат отворени за дебата и нема да се држат во тајност, бидејќи не претставуваат никаква закана за Македонија.

Поврзани новости