Заев: Внимателно ќе ги слушнам пораките од протестот на опозицијата

by fokus

Опозицијата има право да си протестира, истакна премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на протестот кој го најави за вечер во Скопје опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави, внимателно ќе ги слушне пораките од протестот.

– Секако мене ми е важно граѓаните кои сакаат да се приклучат безбедно да стигнат на протестот, секоја опозиција е многу важна и има улога во општеството. Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.

Поврзани новости