Јеронимос: Проблемот со името не е работа на црквата, туку на Парламентот

by fokus

Не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата, туку на Парламентот одбран од граѓаните, вели архиепископот на Грчката православна црква Јеронимос, во однос на прашањето за името.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Јеронимос присуствуваше на свечено отворање на изложба во градот Авлонас, а поранешниот потпретседател на грчкиот Парламент и поранешен пратеник од Нова демократија, Јоргос Сурлас, според соопштението од ГПЦ, побарал од архиепископот „да испрати порака дека никој не може да ја предаде Македонија“.

– Не стануваме Грци само еден момент или на еден ден. Грци сме секој ден, секој час. Црквата зазеде став. Рече јасно дека никаде не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата. Црквата не прави протести, граѓаните одбраа Парламент и Парламентот е одговорен за тоа. Грците се одговорни што гласаат, а Парламентот да ја води земјата, рече архиепископот Јеронимос.

Поврзани новости