Заев: ВМРО-ДПМНЕ нека ја почне кампањата, ние имаме друга стратегија

by Фокус

Додека владејачката партија се спрема за изборите на 5-ти јуни на кои ќе биде единствен учесник, Социјалдемократскиот сојуз има друга стратегија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Мета” најавил дека тие спремаат поинакви активности, но вели дека сега не е времето да ги открие.

– Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ со организирање митинзи и настани за изборите, па тогаш и ние ќе ја почнеме нашата стратегија. Иако јас сум сигурен дека тоа нема да се случи – изјави Заев.

Инаку, денеска официјално почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори за 5-ти јуни, на кои единствен учесник е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека владејачката партија тврди дека во јуни избори ќе има, останатите партии и натаму бараат да се свика собраниска седница на која ќе се поништи одлуката за избори.

 

 

Поврзани новости