ЛДП: Груевски оди на избори за привремено да си ја купи слободата

by Фокус

Либерално Демократската Партија смета дека „авантурата” на ВМРО-ДОМНЕ да излезе сама против себе на избори е тактика со која се обидува привремено да ја купи слободата на аболираната врхушка на власт.

– Власта, која е синоним за криминал и корупција, токму со неуставната и противправна аболиција се дрзнува да уценува и да се пазари за да побегне од раката на правдата…Аболицијата за привилегираните криминалци од власта мора да се повлече, а предвремените парламентарни избори да се одложат, се’ додека не се создадат услови за слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Секој кој се надева на поинаков расплет на кризата ја манипулира јавноста. – стои во соопштението на партијата.

Од таму додаваат и дека изборите во јуни само ќе ги загрозат евроатланските интеграции на Македонија, со голема опаснос земјата да биде меѓународно изолирана.

Поврзани новости