Јасно е дека нема владеење на правото во Македонија и кој всушност го урнисал уставниот поредок во државата, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев по објавувањето на последниот телефонски разговор меѓу, како што рече, новинарот Драган Павловиќ – Латас и Филимена Маневска, сопруга на екс министерот за правда Михајло Маневски, за кого пак претходно беше објавена снимка како разговара со Гордана Јанкуловска.
– Ова е запрепастувачко, грозно и тоа открива зошто затворите се полни со политички затвореници, како се монтираат судски пресуди против секој кој не е соработник на власта. Со ова е прекршен Уставот кој се однесува на слободата на тајноста на комуникацијата, гаранцијата на достоинството и угледот на граѓаните, на владеење на правото и поделбата на власта на закнодавна извршна и судска, како и самостојноста на судството и обвинителството. Продолжуваме! – порача Заев.