694
„Ова е запрепастувачко, грозно и тоа открива зошто затворите се полни со политички затвореници, како се монтираат судски пресуди против секој кој не е соработник на власта. Со ова е прекршен Уставот кој се однесува на слободата на тајноста на комуникацијата, гаранцијата на достоинството и угледот на граѓаните, на владеење на правото и поделбата на власта на закнодавна извршна и судска, како и самостојноста на судството и обвинителството. Продолжуваме! – порача Заев на денешната прес конференција на која ги прикажа следните снимки.