405
Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави телефонски разговор меѓу министерот за финансии Зоран Ставревски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, од кој, според него, произлегува дека јавниот обвинител Марко Зврлевски е марионета во рацете на власта.
– Послушноста на Зврлевски го однела чекор подалеку во хиерархијата на правосудсниот систем, зашто од разговорот се гледа дека тој по нарачка на Јанкуловска отфрлил кривична пријава против Ставревски – рече Заев, додавајќи дека министерката за внатрешни работи издејствувала напредување на судија од Крушево во апелациски судија.
Претходно, тој објави разговор меѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери од кој јасно е дека Никола Груевски го контролира судскиот систем.