398
Премиерот Зоран Заев денеска Дојран потврди дека постојат понуди за проширување на владата со нови партнери, околу кои засегнатите страни викендов ќе размислуваат.
-Викендот ќе се искористи веројатно од сите партии со коишто разговарав, и кај нас, исто така во СДСМ, но и во коалицијата да размислуваме. Ако отприлка кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со одлуката за Влада, мислам на министри и заменици, а после тоа ќе продолжиме да разговараме за директори, заменици директори и слично – рече Заев.
Според него, зголемувањето на парламентарното мнозинство со нови партии претставува процес на преземање на одговорност.