667
Мандатарот Зоран Заев најави дека до среда очекува да биде избрана новата влада и веднаш потоа ќе биде укинато екстерното тестирање.
– До среда вечер треба да завршиме со изборот на владата. Се надевам дека нема да мора да бидат искористени максималните рокови. Веднаш после тоа, како што гледам, доаѓа укинување на екстерното тестирање – изјави Заев.
Тој денеска беше да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против четворица функционери на ВМРО-ДПМНЕ.