Владата во заминување ја украсува зградата со цвеќе, а за новите министри нарача вода

by fokus 15:14
15:14

Владата во заминување, на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев, пред само десет дена склучила договор за набавка на цвеќе, за украсување на владината зграда. Поточно, договорот тежок 37.000 евра, кој денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучила на 19 мај со цвеќарата ФИОРЕ ТП.

„Набавка на цвеќе и цветни аранжмани, саксиско цвеќе, сезонски расат, надворешни дрвја, саксиско цвеќе за изнајмување, саксии, жардињери и др“, пишува во склучениот договор, каде што е наведено дека услугата е за една година.

- Advertisements -

Службта за општи и заеднички работи на владата на 23 мај склучила и тендер за набавка на вода, во вредност од 17.600 евра. На овој тендер победила компанијата „Пелистерка АД Скопје“.

На сајтот на Бирото за јавни набавки денеска беше објавен уште еден доделен тендер, односно на 3 мај Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила и договор за „набавка, испорака и монтажа на систем за контрола на пристап (хардвер и софтвер), во вредност од 20.300 евра. Поради недостаток на повеќе информации за оваа зделка останува нејасно за точно каква контрола на пристап станува збор и дали таа ќе се однесува за новите членови на влада, или е редовна набавка за одржување на системите.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости