621
По вчерашната лидерска средба, на која не се постигна договор за аспектите на референдумот за името, премиерот, Зоран Заев, утринава уверува дека македонскиот идентитет не е загрозен.
„Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик“, пишува тој.
Заев вчера изјави дека референдумот ќе биде спроведен и без учество на опозицијата од која се бараше да го повика своето членство да не го бојкотира.