Арсовски: Предлозите за ДИК ни се подготвени, но прво финансирањето на партиите и пржинската влада

by fokus

Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ вчера не поднесе предлози за членови на Државната изборна комисија, не се одржа собраниската седница на која конечно требаше да биде финализирано ова прашање.

Утринава од партијата велат дека предлозите ги имаат и се подготвени, но ќе чекаат прво да се изгласаат измените во Изборниот законик и измените во Законот за финансирање на политичките партии, бидејќи така, велат, било договорено на лидерската средба.

-Вчера во текот на првиот дел на средбата беше договорено и прецизирано во однос на законските подобрувања во делот на финансирање на политички партии и техничка влада, за веднаш потоа да се изгласа и ДИК на стар принцип, како и претходно. Предлозите ни се подготвени и ги имаме, но она што е најважно е да отпочне процесот на договореното, а тоа е да се изгласаат законските измени во однос на Законот за финансирање на политички партии и техничка влада пред избори по пржинскиот модел како во 2016 година и веднаш потоа ќе се изгласа и ДИК – изјави портпаролот на партијата, Димче Арсовски, за „Фокус“.

М.В.

Поврзани новости