Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од Кавардци најави дека на 17 мај во Скопје ќе се одржи најголемиот протест против политиките на сегашната власт. Лидерот на опозицијата рече дека ова ќе биде најмасовниот протест во историјата на македонскиот народ.
-Ја користам приликата да ве повикам сите, целиот наш народ, сите кои знаат дека е вистинско време за преземање чекори. Ве повикувам, сите граѓани, на голем сенароден протест во недела, на 17-ти мај, во главниот град на Република Македонија. Ве повикувам сите, под знамето на Македонија заедно за Македонија, за слобода на Македонија, изјави Заев.
Претходно, пред да биде соопштен датумот на протестот, Заев најави дека тој нема да биде обичен протест на кој ќе дојдат, ќе кажат што имаат и ќе си заминат, туку ќе останат се додека не падне оваа власт.