Груевски нема конкуренција за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Премиерот Никола Груевски ќе биде единствен кандидат на партискиот Конгрес за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ,  кој ќе се одржи  утре и задутре во Куманово. До 15 часот денеска, кога беше крајниот рок за доставување на кандидатури, пристигната е само неговата.

За Груевски се потпишале повеќе од 30 делегати, а прв на листата потпишани е Љубиша Георгиевски. Поддршка има и од Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Трнталова, Јохан Тарчуловски, Сашко Кедев, Бранислав Саркањац, академик Живко Попов, Виолета Ачковска, Ганка Самолива и Марјан Ѓорчев.

На партискиот Конгрес,  кој ќе започне во сабота, ќе присуствуваат 560 делегати, а гласањето за лидер на партијата е закажано за во недела.

Поврзани новости