Рашити: „Монструм“ и „Гошинце“ се монтирани случаи

by Фокус

Наим Рашити од „Балканс Груп“ смета дека нападот на караулата во Гошинце и убиството на петте деца кај Смилковското Езеро се монтирани за политички цели. Ова тој го изјави во вчерашната емисија  „Патот кон…“ на телевизија „Алсат“.

-И случајот „Монструм’“ беше монтиран со пет убиства за политички цели. Постојат сомнежи и од дипломати дека случајот со Гошинце бил оркестриран и конструиран. Многу е лесно да најдеш млади, кои се занимаваат со шверц и да ги платиш, рече Рашити.

Инаку, „Балканс Груп“  е организација која се бави со истражувања поврзани со нерешени прашања од војните, политика и корупција, како и меѓуетнички конфликти и државна нестабилност. Седиштето и е во Приштина, а работи и во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Поврзани новости