Заев: Вчера имаше обид за убиство, со умисла и по план

by fokus

Ова вчера беше обид за убиство, со умисла и по план, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ одговараќи на новинарско прашање во врска со вчерашните драматични настани во Собранието.Тој рече дека меѓу насилниците имало и полицајци и бандити.

„Направивме голем чекор напред во демократските процеси. Избравме претседател на Собранието, процесите ќе продолжат до избор на нова влада, рече Заев.

„Одлучно стоиме зад демократските процеси. Насилството  е потикнато од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков. Тие се подготвени за своите интереси да ги жртвуваат граѓанските и државните интереси. Од режимот на распаѓање не може ништо добро да се очекува. Ние мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и како држава. Не смееме да потпаднеме под провокации кои имат цел изолоција и раздор. Да останеме мирни и присебни и да постапуваме соодветно законските и уставни надлежности“, повика Заев.

Поврзани новости