Чавков и Зврлевски недостапни за јавноста

by fokus 14:31
14:31

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, се уште не се огласи во јавноста за синоќешниот инцидент во Собранието. Тој не одговараше на телефонските повици на „Фокус“ за да одговори зошто полицијата имаше задоцнета реакција, и ја пушти насилната толпа да влезе во Собранието.

На одговорност денеска Чавков го повика и министерсот за внатрешни работи Агим Нухиу, бидејќи како што рече, тој бил раководител на оперативниот штаб, а се до 20 часот бил недостапен и не му одговарал на повиците.

- Advertisements -

„Фокус“ не успеа да стапи во контакт ниту со републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој треба да одговори што сработило обвинителството, освен што информираа дека „будно ја следеле ситуацијата“.

Поврзани новости