748
Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре треба да се јави на распит во Основното јавно обвинителство, пренесе Радио слободна Европа. Поканата пристигнала денеска, потврдуваат од партијата.
Во основното јавно обвинителство е отворен предмет за изборни измами и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата на поранешни високи функционери во МВР и други луѓе од Скопје, Куманово и Струмица.
„Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела,“ беше наведено во соопштението на ОЈО од минатиот месец.