ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брани „медиумските слободи“: Ако се потврди притворот на Кочан, нема да останеме без реакција

by fokus 14:18
14:18

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение застана во одбрана на сопственикот на Телевизија Нова, Сеад Кочан и ги „предупреди“ судиите да внимаваат како судат.

-ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ или, пак, од која било причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат во согласност со законот и со Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и на СЈО, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку се подлегне на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ и незаконски се потврди притвор, се додека тој трае, ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест против обидот за загушување на овој медиум и на демократијата и слободата на медиумите, и истовремено закана кон останатите медиуми во кои во некои од нив веќе се врши тортура од СЈО, ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира, стои во соопштението.

Според партијата за време на чие владеење беше затворена најгледаната македонска телевизија А1, а нејзиниот сопственик се уште е во затвор, притворот за Кочан е обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија и затворање на телевизија Нова.

 

Поврзани новости