Заев утре ќе се сретне со Доналд Туск во Брисел

by Fokus

Премиерот Зоран Заев  утре во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск во два часот попладне, информираат дипломатски извори за МИА.

Средбата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ќе се случи непосредно пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.

Премиерот Заев, утре и задутре во Брисел треба да учествува на и Форумот Кран Монтана, на панелот „Иднината на Југоисточна Европа во Европската унија“.

Посетата на Заев на Брисел следува по вчерашната одлука на Советот  на ЕУ, Македонија да почне преговори за членство во јуни 2019.

Поврзани новости