Заев упати повик за формирање на широк граѓански фронт

by Фокус

Зоран Заев, лидер на опозицискиот СДСМ, вчера упати повик за формирање на широк граѓански фронт, со цел да ги интегрира сите идеи и можности во насока на нормализирање на државата и враќање на демократијата и слободата.

– Последните избори беа кулминација на криминалните изборни циклуси што во континуитет ги спроведува власта на Никола Груевски. Нема демократска битка, туку демократска фасада. Нема владеење на правото, туку правда по терк на власта. Нема ни институции, ни медиуми. Се е партија. Затоа сме надвор од парламентот. За да покажеме дека нашите вредности не се на продажба. Дека за нив сме подготвени да се бориме. Нема прифаќање шупливи договори што можат да не вратат назад – рече Заев, повторувајќи дека бараат техничка влада со единствен мандат да ги организира следните избори.

Поврзани новости