Судството мора да биде ослободено до стегите на политиката и владата секогаш ќе биде на позицијата на поддршка на строгата поделба на трите столба на власта, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето на Денот на правосудството во Скопје.
– Застапник сум на концептот за зачувавање на интегритетот на судиите и на нивната независност. Самостојни и независни судии се истовремено јавното лице на правдата. Тие се чувари на владењето на правото – рече Заев.
Според него, корупцијата ги поткопува темелите на државата, ги разнишува институциите и им се заканува со нивно распаѓање, вклучително и на судовите.
-Република Македонија се соочи со една таква закана, правосудството беше оттргнато од рацете на Јустиција и беше фрлено во рацете на политичката моќ. Врвен приоритет е создавање услови за целосна рехабилитација на правосудниот систем. Интегритетот останува личен влог на секој од судиите да биде вграден во новото лице – рече Заев.