ВМРО-ДПМНЕ: Судството работи под притисок на власта

by Фокус

Владата на СДСМ ги девалвираше правото и правниот систем во државата, судството не работи по силата на законот, туку под притисок на власта, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Реформите што ги најавуваа како да беа ветувани на први април, завршија уште пред да почнат. Правосудните органи се партизираат со партиски кадри, а институциите се користат за пресметка со политички неистомисленици. Апатијата што завладеа на општествено-политички план се отслика и во економијата. Минатата година економијата по долго време за првпат не оствари раст. Државата се соочи со пад на градежништвото од 20 отсто и застој на сите инфраструктурни проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на опозициската партија.

Оттаму велат дека СДСМ не знае да менаџира со парите на граѓаните.

Поврзани новости