Касми побара оставка од Јовески: Судот по втор пат го уби Алмир

by Фокус

Судот сакајќи да воспостави „праведност“, по вторпат го уби малиот Алмир, давајќи му минимална казна на убиецот Бобан Илиќ како и осудувајќи го и семејството на малиот Алмир, реагира Брса на Билал Касами, по одлуката на судот Бобан Илиќ да добие шест години затвор, а таткото на Алмир, Сеад Алиу е осуден на шестмесечна условна казна.

„Загриженоста што постојано ја укажувавме од преквалификацијата на предметот до ова скандалозно судење, докажува дека судството во Македонија сe уште е селективно, непрофесионално и се суди според етничка припадност“, велат од Беса.

Од таму бараат јавниот обвинител Љубомир Јовески да поднесе оставка од функцијата од морални причини, а од Републичкиот судски совет бара да преземеме дејствие против судијата кој ја донел оваа, според нив, скандалозна одлука.

Поврзани новости