Заев: Тоа што не може да не убие, ќе не направи посилни!

by fokus

Откако претседателот Ѓорге Иванов одби да му до даде мандатот на лидерот на СДСМ, се додека не докаже дека има мнозинство за состав на влада, Зоран Заев со реакција се огласи на својот Фејсбук профил.

-Веројатно и тоа е со причина…Постојано потешкиот пат за нас. Не било лесно да се сруши режим со пенкало и глас. Тоа што не може да не убие, може само посилни да не направи – напиша Заев.

Инаку, претседателот Иванов вечерва соопшти дека мандатот за состав на нова влада ќе го додели на онаа партија која ќе обезбеди мнозинство во собранието, односно ќе приложи потписи од најмалку 61 пратеник.

Поврзани новости