Заев: Судската власт да ги казни сите виновни за нападите врз новинарите

by fokus

Премиерот Зоран Заев испрати порака на Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите.

-Сакам да потсетам на ставот на оваа Влада: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето.

Во изминативе две и пол години, како Влада заедно со сите засегнати страни континуирано работиме во интерес на новинарите, нивните права и нивната безбедност во остварувањето на нивните задачи.

Тие што ја загрозуваат новинарската професија во исто време ја рушат демократијата.

Изминавме долг пат за да дојдеме до ова ниво, како што доликува на едно современо демократско општество. Сега е време судската власт да ги затвори сите случаи на насилство врз медиумските работници и да ги санкционира сите кои се виновни за нападите врз новинарите, напиша премиерот Заев на фејсбук.

Поврзани новости