Го унапредуваме студентскиот стандард и условите за студентите, околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк, истакна премиерот Зоран Заев.
„Финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети“, напиша Заев на фејсбук.
Според него, мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети.
„И во услови на пандемија покажуваме грижа за студентите и креираме мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина. Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата“, напиша премиерот.