Велика Британија ја повлече речиси целата војска од Авганистан, изјави премиерот Борис Џонсон.
Британските сили за првпат беа распоредени во Авганистан во 2001 година, по нападите од 11 септември врз САД, и одиграа важна улога во борбените операции до 2014 година.
За изминатите две децении учество во мисијата во Авганистан убиени беа вкупно 457 британски војници.
-Сите британски војници кои беа во мисијата на НАТО во Авганистан сега се враќаат дома. Од очигледни причини, јас нема да го откријам планот за нашето заминување, иако можам да му кажам на парламентот дека повеќето од нашите вработени веќе заминаа – рече Џонсон
Неколку недели откако претседателот Џо Бајден објави дека војската безусловно ќе се повлече од Авганистан до 11 септрември, насилството почна повторно да беснее во оваа земја.
Постои стравување дека заминувањето на странските трупи може да доведе до хаотична граѓанска војна во Авганистан.