ЗАЕВ: Ставрески вели дека државата нема за леб, а купува чоколади

by Фокус

Според Заев на една од снимките Јанкуловска му вели на Ставрески дека Груевски бил забеган.

„Минатата недела три насловни имаше дека нема пари за плата, ја чекам и трпам“, вели Јанкуловска, според снимките на СДСМ.

Се жалат дека нема пари доволно во буџетот за сите идеи, патеки, аква паркови.

„А на Бетон што му должиме, па на кој не должиме, ми се повраќа“ вели наводно Ставрески.

„Трошиме на чоколада, а немаме леб дома“ вели во еден момент Ставрески, објави СДСМ.

„Уплав да те фати“, буквално тоа што велат комуњариве забегани, тоа е тоа“, се слуша на снимките.

 

Поврзани новости