Ставрески: Талески е криминалец!

by Фокус

Криминалец, неспособен, глумец, приучен, блефер – со вакви епитети, наводно министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска, го почестија битолскиот градоначалник Владимир Талески, во еден од разговорите што денеска ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев.

– Направи проблем со превозниците на учениците со коруптивен договор од 2010 со десет пати повисоки цени и наместо да го покрие криминалот се жали дека министерството за образование не му дава доволно средства – и се отвора Ставрески на Јанкулоска, според снимката што ја објави СДСМ.

Поврзани новости