355
Премиерот Зоран Заев смета дека референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.
“Македонија не е толку добра земја за да останат бегалците овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори и тоа го прават се’ со конечна цел исплашени дека ќе ги загубат и општините – изјави Заев.