Златко Марин стана официјален кандидат за градоначалник на Аеродром

by Fokus

Златко Марин е официјален кандидат за градоначалник на скопската општина Аеродором од редовите на СДСМ.

Тој на денешната пресконференција искажа благодарност за укажаната доверба и најави решавање на проблемите со паркинг местата, слободните места во градинките и училиштата, застарените водоводни мрежи и запоставената инфраструктура.

– Листата на проблеми на жителите на општина Аеродром е долга и широка а причината за тоа е една – катастрофалното работење на Коневски и ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот во заминување троши илјадници и илјадници евра на празни реклами, а многу малку инвестира во решавање на главните проблеми на граѓаните. Само 5 отсто од буџетот се инвестирани во капитални инвестиции секоја година – изјави Марин.

Поврзани новости