Во Босилово утре референдум за рудникот Иловица

by Fokus

Во општина Босилово утре во 7 часот ќе бидат отворени гласачките кутии во 19 гласачки места, каде што граѓаните на референдум ќе имаат можност да се изјаснат дали се „за“ или „против“ работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се „за“ или „против“ отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На гласачкиот список, запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, а биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.

Поврзани новости