471
Македонскиот премиер, Зоран Заев, на денешното гласање во Струмица изјави дека е убеден дека големо мнозинство граѓани гласаат „за“, што ќе овозможи пристапување на Македонија кон НАТО и Европската унија.
„Верувам дека огромно мнозинство ќе го поддржи ова, бидејќи повеќе од 80 отсто од нашите граѓани се за Европската унија и за НАТО – рече Заев.
Тој додаде дека очекува Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која, според него, денес ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја.